И силите на сириската Влада и бунтовниците извршиле воени злосторства и злосторства против човештвото во текот на петгодишната опсада на Источна Гута, соопштија иследници од Обединетите нации.

Иследниците го осудија жестокото бомбардирање и намерното изгладнување на 265.000 луѓе во Источна Гута, додека 20.000 бунтовници во опколените подрачја, од кои некои припаѓаа на терористички групи, го бомбардираа Дамаск.

Извештајот на Комисијата за Сирија на ОН, кој го предводеше Паоло Пинениро се заснова на 140 разговори, фотографии, видео записи, сателитски снимки и лекарски податоци.

- Иако провладините сили ги бомбардираа и изгладнуваа цивилите во Источна Гута, нема оправдување за нападите на цивили во реоните на Дамаск, изјави Хени Мегали, учесник на панелот.

Експертите на ОН изнесоа докази дека хлорот бил користен најмалку четирипати оваа година и додадоа дека истрагата за тоа е во тек.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/06/2018 15:56