Австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави денеска дека е добро што в недела се одржува мини самитот на Европска унија за заедничката политика кон мигрантите, додавајќи оти е скептичен дека ќе се постигне решение.
Тој на прес конференцијата по состанокот со вкластите на германската покраина Баварија во Линц, истакна дека постои силна динамика запрашањата за бегалците, но, прашање е дали тоа ќе доведе до резултат и колку брзо може да се изврши примената.
- Правецот е добар. Меѓутоа, прашање е дали сме подготвени да постигнеме решение. Ќе извршиме притисок на Самитот да се дојде до решение, најави тој.
Според него, најдоцна до неформалниот самит на ЕУ во Салцбург на 20 септември, треба да се дојде до напредок. Курц истакна дека на Самитот в недела се работи за решавање на имигрантското прашање, а не за внатрешната политика на Германија.