Владата предводена од СДСМ е пример за одговорно, отчетно и домаќинско работење и управување со парите на граѓаните. За ВМРО-ДПМНЕ тоа е нешто непознато, затоа нелогично реагира на мерките за зголемување на транспарентноста.

Денеска граѓаните точно знаат каде и за што се трошат нивните пари. Нема веќе криминални тендери и сомнителни набавки скриени од очите на јавноста, како што ВМРО-ДПМНЕ функционираше 11 години.

Кога зборуваат за криминален картел, ВМРО-ДПМНЕ зборуваат за себе. Токму ВМРО-ДПМНЕ функционираше на тој начин за време на нејзиното 11 годишно владеење и стана синоним за расипништво, криминал и корупција.

Граѓаните ги паметат скандалите на раководните лица од ВМРО ДПМНЕ во АД ЕЛЕМ, како 14 милиони евра за рајска градина во време кога имаше постојан пад на производството, а струјата поскапе за 100 отсто.

Се уште нема одговори од Христијан Мицкоски за неспоредните спогодби од 10,5 милиони евра кои биле договорени веднаш по неговото назначување за директор на АД ЕЛЕМ.

Судскиот процес и кривичните пријави што се водат против поранешниот директор на СОЗР од ВМРО-ДПМНЕ доволно зборува како функционирале институциите.

Јавноста памети како функционери на ВМРО-ДПМНЕ се гоштевале со месо од бизони, бифетци од коњско месо, додека граѓаните осирамашуваа.

Очигледно е дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ самите себеси се препознаваат како криминален картел, затоа и толку често го користат тој термин.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/06/2018 16:27