Дефицитот на тековната сметка во САД во првиот квартал од годината се искачил на 124,1 милијарди долари, или осум милијарди повеќе во споредба со претходниот квартал.
Причината за зголемувањето на одливот на американска валута од земјата е зголемениот увоз. Се очекува кварталниот дефицит на тековната сметка до крајот на годината се искачи на 129 милијарди долари.