Европската унија му додели 165 милиони евра на Либан, како помош за сириски бегалци кои се сместени на либанска територија.
Во денешното соопштение по повод Светскиот ден на бегалците се наведува дека пакетот со помош е наменет за системите за образование и социјална помош во Либан.
За образование се наменети 100 милиони евра, 52 милиони се предвидени за социјално-економска помош за ранливите Либанци и Сиријци, а останатите 13 милиони се за палестинските бегалци, дојдени од Сирија.
Околу еден милион сириски бегалци престојуваат во Либан.