Адријановиот ѕид, кој го изградиле Римјаните пред речиси две илјади години во Британија за одбрана на северните делови на империјата, е оштетен со метални детектори.

Откако беа откриени 50 дупки на еден дел од ѕидот, археолозите упатија апел до посетителите на овој историски објект да пријават доколку забележат нелегални ископи и трагачи по богатство.

Инспекторот за историски споменици Мајкл Колинс нагласи дека ловците на богатство го кршат законот, но притоа ги уништуваат и податоците кои историските објекти можат да ги дадат.

Ѕидот е долг 117 километри и се наоѓа на листата на УНЕСКО, а неговата изградба ја наредил императорот Адријан.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/06/2018 01:57