Грчките власти соопштија дека непознати лица ги искршиле репликите на статуи на египетски богови од римскиот период, кои се наоѓале во древен храм оддалечен 40 километри северно од Атина.

Од Министерството за култура на Грција соопштија дека гипсените копии на статуите на Изида и Озирис од вториот век претрпеле значајни оштетувања.

Во соопштението се наведува дека вандализмот e извршен во период кога храмот бил затворен.

Полицијата отвори истрага за овој инцидент.

Светилиштето посветено на египетските богови е изградено на мал вештачки остров во непосредна близина на градот Маратон.

Оргиналните статуи се чуваат во археолошкиот музеј во Маратон.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/06/2018 02:40