Поранешниот претседател и премиер на Албанија и екс лидер на опозициската Демократска партија, Сали Бериша, коментирајќи ја актуелната состојба, оцени дека земјата се наоѓа на крстопат и оти единствено решение е „граѓанска револуција за соборување на Еди Рама“.
Тој преку својот профил на „Фејсбук“ упати апел за соборување на Владата на премиерот Еди Рама, како што рече, „или сега или никогаш“.
- Или сега или никогаш треба да го истераме Едвин Кристаќ Рама! Овој антиалбанец, криминалец, човек без татковина, кој за фотелја е подготвен да стори се: да го продаде морето, земјата, да прими стотици поранешни терористи на ИД во Албанија, да ја истера од Албанија нејзината иднина, младината, напиша Бериша.
Тој зборуваше за најавите за изградба на бегалски камп во Албанија, во кој би се сместиле 600 илјади бегалци, можностите за почеток на преговорите со ЕУ, однесувањето на опозицијата во законодавниот дом, како и реформите во правосудството при што упати критики до американскиот амбасадор Лу и евроамбасадорката Влахутин дека се „соработници на Рама за да го држи системот во заложништво“.