Руското Министерство за надворешни работи соопшти денеска дека и испратило на Латвија листа со латвиски државјани на кои им е забрането да влезат во Русија поради „русофобските" ставови, како и за повиците за заострување на санкциите против Русија и за „зачувување на практиката за дискриминација во руското говорно малцинство" во Латвија.

Руската „црна листа" е одговор на слична латвиска листа со имињата на 49 руски државјани, се вели во соопштението објавено на интернет страницата на руското Министерство за надворешни работи.

Листата беше предадена на заменик амбасадор на Латвија во Москва.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/06/2018 03:17