Претседателот на Бугарија, Румен Радев денеска ја почнува дводневната посета на Србија, при што ќе оствари средба со српскиот колега Александар Вучиќ.
Предвидено е Вучиќ да го пречека Радев и да имаат средба, на која подоцна ќе се придружат членовите на делегациите на двете земји.
За утре е предвидено Вучиќ и Радев да го посетата Димитровград.
Планирани се и средби со претставниците на бугарското малцинство во Србија, полагање на цвеќе на споменикот „Паметник“ на Нешково Брдо, церемонија за поставување камен темелник на споменикот Свети Кирил и Методиј и друго.