Горниот дом на бритаскиот Парламент синоќа го усвои предлог законот на бритаската премиерка Тереза Меј за Брегзит, со што е завршена повеќемесечната парламентарна дебата за законот со кој формално ќе заврши членството на Велика Британија во Европска унија.

Домот на лордовите го усвои планот без гласање откако претходно во Долниот дом беа надгласани пратениците кои бараа Парламентот да има поголемо влијание на процесот Брегзит.

Пратениците во Долниот дом на британскиот Парламент гласаа со 319 „за“ наспроти 303 „против“ амандманите поднесени од проевропските пратеници, а потоа го прифатија предлогот на Меј без гласање.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/06/2018 10:44