Американскиот министер за одбрана Џејмс Матис изјави дека Пентагон „ќе одговори ако е потребно“ во смествување на мигрантите приведени при илегално преминување на американско-мексиканската граница.

Тој истакна дека Пентагон ќе поддржи се што Министерството за внатрешна безбедност ќе наведе како потребно, коментирајќи ги наводите дека федералните агенции веќе одредиле четири воени база за потенцијално привремено сместување на приведените мигранти, вклучително и децата без придружба.

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа потпиша извршна уредба со која на имигрантските семејства, кои илегално ќе ја поминат јужната граница на САД им се овозможува да останат заедно додека го чекаат исходот од имиграциската постапка.

Трамп потенцира дека ќе продолжи со политиката „нулта толеранција“, која подразбира кривично гонење на сите возрасни лица кои ќе бидат фатени како нелегално ја преминуваат границата на САД.

Целта на уредбата е семејствата заедно да се држат во притвор, да се забрзаат новите случаи и Министерството за одбрана да помогне во пронаоѓањето на сместување за семејствата.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/06/2018 11:12