Директоратот на Меѓународниот монетарен фонд и одобри тригодишен кредит на Аргентина во висина од 50 милијарди долари.

Аргентина веднаш ќе има пристап до 15 милијарди долари од заемот, а половината од таа сума ќе биде искористена за поддршка на буџетот. Останатите 35 милијарди долари ќе бидат доделувани во рок од три години, а ММФ ќе врши контроли на секои три месеци.

Владата на Аргентина на почетокот од мај побара финансиска помош од ММФ „со цел да ја зајакне националната економија преку враќање на довербата во пазарите со кохерентна макроекономска програма“.

- Важно е да се потенцира дека планот вклучува мерки за заштита на најранливите лица преку исплата на социјална помош во случај да се влошат социјалните услови и обезбедува можност за зголемување на расходите за мрежата за социјална заштитна во Аргентина, се наведува во соопштението на ММФ.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/06/2018 11:15