Со 99 гласови „за“ и шест „против“, Парламентот на Грузија ја изласа новата Влада на премиерот Мамука Бахтадзе.
Повеќето членови на новиот Кабинет работеле и во претходниот, чиј премиер беше Гиорги Квирикашвили. Има и тројца нови членови: министер за надворешни работи е Давид Залкалиани, кој последните години беше прв заменик-министер за надворешни работи, министер за економија и одржлив развој е досегашниот заменик - министер Гиорги Черкезишвили, а министер за финансии е Николоз Гагуа, кој беше заменик министер во ова Министерство.
Во наредните две-три седмици, откако Парламентот ќе го усвои законот за намалување на бројот на министри од 14 на 11, Бахтадзе ќе претстави нов состав на Владата со 11 министри.