Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и кинескиот претседател Си Џинпинг разговараа за зајакнување на „стратешката и тактичка“ соработка помеѓу двете земји, објавија денеска медиумите во Пјонгјанг.

Двајцата лидери на вториот ден од посетата на Ким на Кина разменија ставови за актуелната и новата ситуација.

Ким и Си на првиот ден од посетата разговараа за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров и за средбата на севернокорејскиот лидер со американскиот претседател Доналд Трамп во Сингапур.

Ким во Пекинг ги посетил и Кинескиот земјоделски институт и Центарот за контрола на сообраќајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/06/2018 11:22