Генералната дирекција „Економски и финансиски прашања“ на Европската комисија вчера објави дека целосно се исполнети сите предуслови за успешен четврти преглед на програмата за Грција според Европскиот механизам за стабилност (EСМ).

Ова го отвора патот за одобрување на последната транша од финансиската поддршка во рамките на програмата.

Во извештајот се посочува дека сумата ќе биде употребена за грчкиот надворешен долг и за создавање на парична резерва.

Денеска во Луксембург ќе заседава и Еврогрупата, за да донесе одлука за четвртиот преглед на грчката програма за спас и за намалување на грчкиот надворешен долг.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/06/2018 11:30