Европската комисија размислува да воведе визи за Британците за влез во Европска унија, открива внатрешен документ на европската извршна власт, објавен од страна на „Политико Европа“.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, текстот им бил презентиран на европратениците и нагласува дека по завршувањето на транзициската фаза на Брегзит (2021 година) е неизвесно дали британските граѓани ќе бидат приморани да вадат визи за ЕУ.

Дали тоа ќе се случи „ќе зависи од исходот на преговорите за иднината на односите“ помеѓу ЕУ и Велика Британија, пишува „Политико Европа“, но прецизира дека ЕУ може да се одлучи да ја вклучи Велика Британија во земјите со либерализиран визен режим, и со тоа Британците да можат да престојуват до 90 дена на територијата на ЕУ.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/06/2018 11:48