Европскиот суд за човекови права ја отфрли како неоснована жалбата на Норвежанецот, Андрес Беринг Брејвик, кој е незадоволен од нехуманите затворски услови.
- Судот во Стразбур утврди дека во неговиот случај не е откриена каква било повреда на Конвенцијата и ја отфрли тужбата како неприфатлива, бидејќи очигледно е неоснована, се посочува во соопштението на Судот.
Брејвик во 2011 година со огнено оружје и автомобил бомба уби 77 луѓе на островот Утоја и во центарот на Осло, поради што е осуден на 21 година затвор, што е максимална затворска казна во Норвешка.
Претходно, норвешкиот Врховен суд ја одби жалбата на Брејвик, кој е незадоволен од целосната изолација во затворот, со образложение дека десничарскиот екстремист не се покајал и оти може да ги нападне другите затвореници. На Брејвик му е дозволено да контактира само со адвокатите и со службените лица во затворот, како и со чуварите и здравствените работници.