Германската канцеларка Ангела Меркел по средбата со кралот на Јордан, Абдулах, изјави дека се потребни мерки против „агресивните тенденции“ на Иран на Блискиот Исток.
Кралот Абдулах истакна дека е можно да се воспостави мир во регионот дури откако Палестинците ќе добијат држава, со Ерусалим како главен град.
Предвидено е Меркел денеска да го посети и Јорданско-германскиот универзитет во Аман, каде ќе има средба со студентите.