Турција воведува увозни царини за повеќе од 20 американски производи - од автомобили до креми за заштита од сонце, како одговор на американските царини за челик и алуминиум.
Според документите поднесени во Светската трговска организација (СТО), Турција ќе воведе царини во вредност од 267 милиони долари за американски стоки кои се увезуваат во Турција чија вкупна вредност изнесува 1,8 милијарди американски долари.
Царините, кои денеска стапуваат во сила, се одговор на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе царини за увоз на челик и алуминиум, од 25 и 10 отсто.
Американските царини за челикот и алуминиумот што се увезуваат од Турција со вкупна вредност од 1,1 милијарда долари, изнесуваат 267 милиони долари.