Зоран Заев буквално ги фрли во вода сите аргументи и стратегии за името градени од неговите претходници, вклучително и од Црвенковски и Глигоров, но истовремено и многу порано стекнатото право на јазик и националност кои сега со новиот договор влечат фусноти и дообјаснувања.

Најдобро отсликување на тоа каква штета Зоран Заев направи даваат грчките официјални претставници Ципрас и Коѕијас кои кажуваат дека во овие преговори со Заев ништо не дале, а добиле многу нешта.

Јавноста вчера виде од медиумите дека националноста и јазикот не биле дел од преговорите согласно резолуцијата од Обединетите нации за Република Македонија, што значи дека ова кое што сега Зоран Заев се обидува да го продаде како зачувување на идентитетот, е излегување од одредбите на резолуцијата на Обединетите нации и директно чинење штета на идентитетот.

Ова е губење на веќе стекнатите права и позиции.

Во материјалите кои излегоа во јавноста јасно се гледа дека во 2008 година во текот на преговорите името на нацијата е македонско, а јазикот е македонски. Овде нема ни фусноти, ни коси црти ни дообјаснувања. Овие идентитетски прашања не биле дел од преговорите. Овие идентитетски прашања требало само во форма на забелешка да бидат административно презентирани до Советот за Безбедност од Генералниот Секретар каде ќе стои дека државата сама одлучува македонски да се користи како придавка за јазик на националноста.

Националноста и јазикот беа издвојувана победа и апсолутно право, кое сега Зоран Заев со договорот го руши.

Со ова паѓаат во вода лагите дека Зоран Заев наводно нешто забетонирал или зачувал. Напротив тој самоволно се откажал или дополнително го компромитирал јазикот и идентитетот со прифаќањата на дообјаснувања.

Со овој договор едноставно Заев и помогнал на грчката страна да ги забетонира своите максималистички барања, кои не успеале да ги постигнат во привремената спогодба во 1995 година.

Затоа овој договор на Зоран Заев е капитулантски. Затоа овој договор е штетен бидејќи излегува од рамките на Обединетите нации и ги руши националните и државните позиции. Затоа овој договор го подрива идентитетот и што е најжалосно со потпис од оваа ненародна власт на СДСМ.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/06/2018 15:03