Доколку во текот на годината сте имале прилог од 720.000 денари, односно во просек по 60.000 денари месечно, ќе плаќате данок на доход со стапка од 10 проценти, додека за сите приходи кои се над 720.001 денари, данокот ќе биде 18 проценти за делот на доходот над овој закон.
Фактор ексклузивно објавува дел од работната верзија на новиот Закон за персонален данок на доход со кој Владата од 2019 година воведува прогресивни стапки на оданочување. Во приходите кои се оданочуваат спаѓаат тие кои граѓаните ги добиваат од заработената месечна плата на работа, од самостојна дејност, од авторски и сродни права и продажба на сопствени земјоделски производи.
Но ова не е единствената новина во законот. Според информациите на Фактор, за доходот од интелектуална сопственост, закуп и подзакуп, капитал, капитални добивки, игри на среќа и осигурување ќе се плаќа данок по стапка која е единствена, односно по 15 отсто.
Исто така се предвидува граѓаните и фирмите да плаќаат данок на каматите кои ги добиле од своите заштеди во банките, ако добивката изнесува над 15.000 денари годишно.
Прогресивното одначување на приходите беше најавено во март годинава, а тоа беше и дел од програмата на сега владеачката партија СДСМ. Министерот Драган Тевдовски тогаш најави дека ќе се оданочуваат со стапка од 18 отсто сите приходи на граѓаните кои заработиле повеќе од 1.000 евра месечно, што сега веќе е преточено и во подготвителната верзија на законот. Другите новини не беа навестени.
Целиот текст можете да го прочитате на Фактор.мк