Фондацијата ДОПИР од Скопје започна континуирана донаторска кампања за помош на деца со здравствени потреби во Македонија.

Фондацијата, како што посочуваат во соопштението, користејќи кампањи преку социјални мрежи, радија, телевизии и печатени медиуми собира донации за семејствата кои тоа не го можат сами преку платформата www.bidihumansega.mk.

Оттаму велат дека може да донираат физички и правни лица преку отворени сметки за секое дете посебно или на збирна сметка на Фондацијата (ж-ска: 2400-501- 075-12353, Уни Банка Скопје), од која средствата се распределуваат подеднакво на сите.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/06/2018 15:45