Постојаниот претставник на Австрија во ЕУ, амбасадорот Николаус Маршик денеска изрази надеж дека за време на австриското претседателство со Советот на ЕУ до крајот на годината Македонија и Албанија ќе започнат преговори за членство во ЕУ. Австрија го презема претседавањето во ЕУ на 1 јули.

Тој додека дека очекува за време на состанокот за безбедност во Салцбург, закажан за септември да биде постигнати решенија поврзани со миграцијата.

Амбасадорот Маршик додека дека земјите од Западен Балкан треба да бидат први партнери на ЕУ.

Австрија има цел до октомври да биде постигнат договор во преговорите за излегување на Велика Британија од Унијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/06/2018 00:36