Гледам во Законодавниот дом се повикуваат на две историски личности Гоце Делчев и Скендеребег. На нивно место, посоодветно би било идентификувањето со Коте од Руља, отколку со Гоце Делчев и Скендербег, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Патот кон“ на Алсат М Телевизија.

– Сепак не треба да ги навредуваат ликот и делата на тие личности. Повеќе мислам дека им прилега епитетот Коте од Руља и на тоа име треба ние да ги распознаваме тие луѓе кои што го потпишаа овој договор и кои што се обидуваат на јавноста оваа капитулација да ја претстават како победа, истакна Мицкоски.

Тој потенцираше дека одговорноста за целокупниот процес на преговори е само на едно лице и неговиот придружник, а тоа се Зоран Заев и Никола Димитров.

-Тие ја доведоа Македонија во една ваква ситуација да го изгуби правото на самоопределување на Македонецот. Овој договор во иднина врши комплетно уништување на Македонецот, нагласи Мицкоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/06/2018 02:54