Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето на телевизијата Алсат рече дека сите граѓани на Република Македонија треба да живеат со последиците од Договорот со Грција за промена на името кое го потпишаа владите на двете држави.
Мицкоски направи споредба меѓу Договорот со Грција и договорите кои Соединетите Американски Држави и во контекст на тоа истакна дека содржината на договорот помеѓу САД и Северна Кореја не ја знае ниту он но ја поздравува бидејќи не треба и нема да живее со тој договор. А со договорот помеѓу Грција и Македонија, македонските граѓани сега и во иднина ќе треба да живеат.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека ставот на партијата е оти за идентитетските прашања не се преговара.
-Со самото тоа што тие (владата) во овие преговори кажуваат дека успеале да постигнат нешто, а лажат, не е така. Самото тоа вели дека тие преговараат за нешто, за што не треба да се преговара, ниту пак некој им дал да преговараат. Резолуцијата од Обединетите нации точно се однесува на разликите што нашиот јужен сосед ги има со нашето уставно име, со името Република Македонија. Кој му дал право на Заев или на Димитров да преговара за нешто, што е веќе стекнато право?, праша Мицкоски.