Официјалните лица во владата и СДСМ кои што ги мотивираат ги обојуваат на тој начин протестите и се обидуваат ВМРО-ДПМНЕ да го навлечат во сценарио веќе познато од минатото од 27-април. Слично нешто такво беше подготвувано пред некој ден и слично ќе се подготвува во иднина за да може ВМРО-ДПМНЕ да се прикаже како екстремнo радикален елемент и да му се одземат очигледните аргументи и да можат на начин на кој само тие знаат, кои го прикажаа во минатото со кршење на Деловникот и законите и процедурите да го протнат и ова капитулантско дело, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Патот кон“ на Алсат М Телевизија.
- Тоа беше сценариото кое што се случи пред некој ден и кое сакаат да го прават во иднина. Да го повторат 27-ми април. ВМРО-ДПМНЕ кога организира протести и е организатор, јасно и гласно кажува кога ќе бидат и каде ќе бидат и така ќе биде и во иднина, потенцираше Мицкоски.
Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ го поддржува елементарното право на граѓаните и ги поддржува нивните чувства да го изразат својот револт да протестираат на мирен начин против сето ова кое оваа влада на СДСМ им го приредува и на нив и на нивната татковина.
– Но, никако не можеме апсолутно да оправдаме лидер на една политичка партија кој што со две знамиња застанува на борбена кола и му излегува службено лице и малтене со галење го моли да се симне од возилото, а притоа со прекумерна сила употребува, солзавци, палки гумени куршуми против другите луѓе кои го искористиле своето право да протестираат. Сега дали е тој добронамерник или бидејќи некој е со него имал инструкции и дали случајно се појавуваат такви луѓе кои создаваат инцидент за да им дадат алиби да применат прекумерна сила.
Тој посочи дека некој тоа намерно го прави со цел да го идентификуваат тоа со ВМРО-ДПМНЕ да го направат радикален елемент и да го повторат сценариото од 27-ми април.
– Ние видовме таму до заби наоружани припадници на полицијата. Штетата е што некој тие ги злоупотребува да удрат против својот народ кој што изразува на мирен начин револт против ова капитулантско дело, нагласи Мицкоски.