Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето во емисијата „На патот кон“ на телевизијата Алсат-М истакна дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи референдум кој нема да има обврзувачки карактер во однос на договорот со Грција.

– Ставот на ВМРО – ДПМНЕ околу прашањето на референдумот е јасен и познат. Можам да кажам дека референдум кој нема да биде задолжителен ВМРО – ДПМНЕ нема да го признае. Доколку референдумот биде обврзувачки и биде успешен, сите ние ќе треба да го почитуваме тоа, не само нашата партија. Но тој прво треба да биде демократски, без манипулации, да се исполнат многу предуслови пред да биде одржан, истакна лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето вечерашно гостување во Алсат М.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/06/2018 03:06