Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека Вашингтон мора да ја задржи „поцврстата политика“ за да го спречи влегувањето на милиони луѓе во САД.

- Мораме да имаме многу цврста политика. Инаку ќе имаме милиони и милиони луѓе кои влегуваат во нашата земја. Тоа не можеме да го дозволиме. Немаме избор, истакна Трамп.

Претходно, „Вашингтон пост“ објави дека администрацијата на Трамп ќе престане да ги тужи мигрантските родители кои заедно со децата нелегално ја преминале границата.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/06/2018 10:37