Турската полиција приведе 14 осомничени членови на Исламска држава, кои подготвувале напади во Анкара пред претседателските и парламентарните избори што ќе се одржат в недела, јави турската новинска агенција Анадолија.

Турските сили за борба против тероризмот извршиле претрес на различни адреси во Анкара, при што уапсиле 14 лица, сите странски државјани.

Полицијата во Турција често презема операции против членови на терористичката група ИД, која минатите години изврши низа напади во земјата, вклучително и нападот врз ноќен клуб во Истанбул на 1 јануари 2017 година при што загинаа 39 луѓе. Во 2016 година при напад во центарот на Истанбул во 2016 година беа убиени 12 луѓе.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/06/2018 10:50