Зоран Заев и картелот потпишаа капитулантски договор. Република Македонија е оштетена и понижена страна. Зоран Заев е новиот Коте од Руља.
Коте Заев ветуваше дека нема да го промени Уставот, сега не само што прифатил промена на Уставот, туку и со капитулантскиот договор задира во македонскиот идентитет и јазик.
Македонскиот идентитет и јазик се стекнато право уште во минатиот век и се загарантирани со конвенции на ОН. Коте Заев успеа и стекнатите права да ги продаде.
Грчките официјални претставници сами кажуваат дека во преговорите ништо не дале, а добиле многу. Коте Заев им ги оствари максималистичките барања на кои Грците не успеаја да ги остварат ниту со привремената спогодба во 1995 година. Секој обид за замајување и залажување на јавноста не поминува.
Народот е разочаран, потиштен и излажан. Овој договор нема да донесе подобар живот. Зоран Заев мора да падне, а Македонија да победи.