Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија издадее портокалово предупредување за поројни дождови, грмотевици и силен ветер во целата земја.

Портокаловиот метео-аларм означува опасни временски услови.

Во Белград од изутринава врне пороен дожд, проследен со грмотевици. Сообраќајот е отежнат, а некои улици се целосно под вода. Некои делови на Белград беа зафатени и од град.

Невремето причини штета на овошките и на патната инфраструктура во западниот дел на Србија. Поплавени се и голем број куќи во реонот на Пријепоље.

Метеоролозите предупредуваат дека се очекуваат опасни временски појави, кои можат да предизвикаат материјална штета и да претставуваат опасност за луѓето и животните. Локалните власти препорачуваат да се избегнува престој на отворено, доколку не е потребно.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/06/2018 12:48