Невреме пропратено со обилен дожд и ветер ја погоди Хрватска и ја намали температурата на воздухот за 10 степени Целзиусови.

Во Загреб утрово се измерени 14 степени, додека вчера во исто време температурата изнесуваше 24.

Во Истра ветерот достигна брзина од 82 километри на час, во Пула 73, во Умаг 68 километри на час.

Дожд засега нема само во јужниот дел на Хрватска, но според метеоролозите се очекува во текот на денот.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/06/2018 12:50