Британската полиција соопшти дека дојавата за бомба во метро станицата Черинг Крос била лажна, а мажот кој се закануваше е приведен.

Приведениот е 38-годишен маж кој има психички проблеми. Тој утрово стоеше на шините и се закануваше дека ќе активира бомба. Поради неговите закани метро станицата источно од Трафалгар беше евакуирана и не работеше повеќе од еден час.

Во инцидентот нема повредени лица, а станицата Черинг Крос е пуштена за сообраќај.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/06/2018 14:10