На средбата на врвот на ЕУ во крајот на следната недела нема да биде постигнат заеднички европски договор за прашањето за миграцијата, изјави Урлике Демер портпаролка на германската Влада.
На прес конференција таа нагласи за неопходност за договор на „билатерално и мултилатерално ниво“ на мини-средбата в недела која ќе биде фокусирана на миграцискиот проблем.
На 28 и 29 јуни ќе има средба на државни и владини лидери на земјите од Европската унија. Претходно в недела лидерите на некои држави од ЕУ ќе имаат средба во Брисел за да се разгледа проблемот со миграцијата.
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека состанокот на лидерите на ЕУ в недела е консултативен и работен и нема да има завршен извештај. Таа отфрли сугестии дека несогласувањата во рамки на нејзината коалиција за мигратската политика ја донеле владата на раб на колапс.