Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев прими писмо со честитки од канцеларката на Сојузна Република Германија Ангела Меркел, во кое таа ја изразува својата радост за постигнатиот договор за македонско-грчкиот спор за името, соопшти прес-службата на Владата.

„Оваа спогодба го отвора патот за историски договор, и Вам и на Вашата влада срдечно Ви честитам за овој успех. Сојузна Република Германија со голем интерес ќе го следи спроведувањето на овој Договор и силно ќе го поддржи“, се истакнува во писмото-честитка до премиерот Заев од германската канцеларка Меркел.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/06/2018 14:18