Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков не исклучи можност за средба на рускиот претседател Владимир Путин со помошникот на претседателот на САД за национална безбедност Џон Болтон кој ќе ја посети Русија во идната недела.

– Ако имам најави за таква средба ќе ве известам, изјави тој на прес конференција.

Што се однесува дали има напредок за подготовка на средбата Путин – Трамп, според Песков, „засега нема ништо ново“.

Болтон ќе биде во посета на Лондон и во Рим во периодот 25-27 јуни по што ќе замине за Москва за консултации по повод евентуална средба меѓу претседателите на Русија и на САД, објави на Твитер Гарет Марки, портпарол на Советот за национална безбедност во Белата куќа.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/06/2018 14:26