Осиромашување на мнозинството на граѓани и богатење на малкумина од нив е лошата слика за времето на криминалното владеење на ВМРО ДПМНЕ. Таа лоша слика се менува, економијата се движи во добар правец.
Токму погубните криминални политики на ВМРО-ДПМНЕ доведоа до тројно зголемување на долгот и огромна буџетска дупка во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
ВМРО ДПМНЕ да престане да ја лаже јавноста и да се расфрла со паушални бројки и проценти за даноци кои допрва треба да подлежат на јавни дебати и дискусии.
Се спроведува темелна анализа за начините и моделите на обезбедување фер даночна политика во земјава. Во моментот кога анализата ќе биде подготвена, истата ќе се презентира пред граѓаните и пред стручната јавност, со цел да се отвори јавна дебата базирана на точни податоци и факти.
Залудни се лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ, економијата се движи во добра насока. Растот на минималната и просечната плата, рекордниот износ на странски директни инвестиции 235 милиони само во првиот квартал од оваа година, падот на невработеноста и намалените трошоци за живот се само дел од економските параметри коишто ја докажуваат успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ.