Повеќе од една година економијата е на нула. Нема раст, нема развој, нема нови работни места. Државата стагнира и тоа е последица на неспособноста и криминогеноста на картелот.

Додека Коте Заев тргува со македонските национални интереси, економијата тоне, граѓаните осиромашуваат, а фирмите на Заеви и Анѓушев добиваат милионски тендери од државата, влегуваат во бизнисот со наркотици и купуваат огромни индустриски гиганти по цена од обична гарсониера.

Коте Заев и Анѓушев нижат милиони евра преку своите фирми, а платата на граѓаните во февруари, во однос на јануари е за околу 900 денари пониска. Платите паѓаат, а во исто време цените на мало се зголемуваат. Епилогот е намалена куповна моќ и осиромашени граѓани.

Картелот на чело со Коте Заев повеќе од една година го уништува градежништвото, штетите веќе се очигледни. 37% е падот на градежништвото, кое со себе влече 20 - тина индустриски гранки и илјадници вработени.

Граѓаните не ги носат розевите наочари на Коте Заев. Граѓаните секојдневно се соочуваат со бедата која СДСМ ја донесе. Оваа влада направи вистински економски геноцид врз државата. Време е оваа влада да си замине, само така Македонија може да победи.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/06/2018 14:36