Заеднички интерес на САД и Европа е реформиран Балкан на патот кон Европската унија, изјави помошникот американски државен секретар за европски и евроазиски прашања Вес Мичел.

Во говорот во седиштето на фондацијата Карнеги за Европа во Брисел, Мичел посака светот да остане слободен, територијалниот интегритет на Европа да биде заштитен, Русија да одговара за „инвазијата врз Украина“ ...

- Да видиме реформиран Балкан на патот кон Европа, како и Европа слободна од енергетски уцени на Русија, нагласи Мичел.

Тој додаде дека дипломати од САД и Европа со часови разговарале по телефон за нормализација на односите Белград-Приштина и за реформи во БиХ, како и со грчки и македонски официјални лица заради преговорите за името на Макеоднија.

Мичел рече дека е многу задоволен од напредокот што е постигнат во преговорите меѓу Македонија и Грција, истакнувајќи дека САД од почетокот учествувале во тие преговори.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/06/2018 16:33