Радио Слободна Европа - Прага
Во недела на 24 јуни во Турција ќе се одржат претседателски и парламентарни избори на кои претседателот Реџеп Тајип Ердоган се одбидува да го досегне својот „свет грал“: владеење на еден човек озаконето на избори, откако со тесно мнозинство го освои минатогодишниот референдум со кој го замени парламентарниот систем со извршно претседатслтво во руски стил.
Ако Ердоган победи, премиерската должност се укинува и тој ќе доминира со законодавството, правосудството и извршната власт. Овој неоисламистички лидер настојува да го засени Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската република и нејзиниот секуларен симбол од претходниот век, пишува Фајненшл тајмс.
- Сепак, оно што би требало да биде пат кон неговата дванаеста директна победа од 2002 година се претвори во неизвесност. Владејачката Партија на правдата и развојот или АКП, почнува да покажува знаци на трошење и абење, како и нејзниот лидер. Ердоган веројатно ќе победи. Блиску е - но не сосема - неосвоив, а ова нема да биде фер натпревар, пишува лондонскиот деловен весник.
Турција се уште е во вонредна состојба од неуспешниот државен удар кон средината на 2016 година, заклучува весникот, а Ердоган не само што ги разби приврзаниците на Фетулах Ѓулен, имам кој живее во егзил во САД и поранешен сојузник на АКП, кого го обвини за државниот удар, туку Владата ги наполни затворите со дисиденти и противници.
Човекот кој би можел да го урне Ердоган
Нешто се менува во Турција. По 16-годишна изборна доминација на претседателот Ердоган, секуларната опозицска Републиканска народна партија, позната под називот ЦХП, најде лидер и кандидат за претседател кој го ремети Ердоган, охрабрувајќи ги опозициските избирачи и допирајќи до Турците вон традиционалната база на неговата партија, пишува поранешната членка на турскиот парламент Шафак Павеј за „Њујорк Тајмс“.
Се посилни се гласините дека Ердоган можеи не е непоблив кога Турција ќе гласа на 24 јуни. Политичарот кој ја постигна оваа трансформација во националното расположение е Мухарем Инџе, 54-годишен член на Парламентот од ЦХП, кој беше избран за претседателски кандидат во мај.
Тој бара од турскиот народ да избере меѓу слобода и страв, меѓу национален престиж и национална осаменост, меѓу наметнување верска пракса и слобода на избор, меѓу отвореност и ксенофобија, пишува њујоршкиот весник.
Павеј додава дека изгледа Турците го прифаќаат неговиот слоган „Воспоставување мир, раст и заедничко дејствување", а независните анкети покажуваат дека поддршката за Инце веќе пораснала на 30 отсто.
„Мајка Мерал“: Жената која се обидува да го истисне Ердоган од функцијата
Пред турските избори американската мрежа Си-Ен-Ен посебно внимание и посветува на Мерал Акшенер, претседателка на Добрата партија (ИЈИ(), а на почетокот од текстот наведува дека според турската традиција споровите меѓу мажите завршуваат кога жената ја фрла марамата на земја.
- Претседателската кандидатка Акшенер оди од град во град и го собира овие шарени платна, познати како „шамии“ од своите приврзаници, објаснува Си-Ен-Ен и вели дека ако таа победи марамите ќе бидат изложени на изложба во поранешната претседателска палата во Анкара.
Си-Ен-Ен вели и дека Акшенер поединци во странство ја нарекуваат турска челична леди, а дома ја викаат Асена, митолошка жена волчица која ги одбранила турските племиња од опасност.
- Некои луѓе ме викаат сестра, но има многу млади кои ме викаат „Мајка Мерал“, и сакам да бидам мајка, рече Акшенер, која е единствена жена кандидатка на изборите на 24 јуни.
Турска изборна диверзија
Форин полиси оценува дека претседателот на Турција се соочува со најголема опозиција од својата прва изборна победа во 2002 година.
Ердоган, малку помалку од една недела пред изборите, повторно се заинтересира за сушење на „барите на терористи“ во северен Ирак, вели политичкото списание.
- Тоа доаѓа во чуден момент и со деценија задоцнување. Ердоган, кој со години затвора очи пред камповите на Курдската работничка партија (ПКК) на планината Кандил, сега почнува претстава со напади врз нив, наведува магазинот.
„Форин полиси“ пренесува и податоци од неодамнешното истражување на една од водечките турски агенции за испитување на јавното мислење според кое 51 отсто од испитаниците ја гледаат економијата како своја главна грижа, а сигурноста е далеку помала со само 13,4 проценти.
Посебно внимание во текстот се посветува на влијанието на САД и се наведува дека во Сирија, Курдите ги предводеле борбите на Вашингтон против Исламската држава.
„Форин полиси“ порачува дека ако Ердоан бил сериозен во своите напади врз ПКК, тој би ги удрил нивните сојузници на нивните сириски територии источно од реката Еуфрат.
- Наместо тоа, бомбардира неплодни планини се додека е убеден дека веста за нападот на Кандил, синоним за ПКК, се шири. Тоа е затоа што успехот што тој го бара е политички, а не воен. Ердоган многу повеќе се грижи за победа во гласачката кутија, отколку на военото поле, заклучува „Форин полиси“.