„Скопје Колинг“ почна синоќа со настапот на „Axwell & Ingrosso“. Загревањето пред настапот на светските ѕвезди ќе го имаа македонските имиња, диџеите Галоски (Galoski), Цврилик (Cvrillic), ДуоЗ (DuoZ) и Ампов (Ampov).
На 22 јуни доаѓаат „Мorcheeba“, а истата вечер е и големата француска атракција „Nouvelle Vague“, која ќе настапи заедно со „Morcheeba“ истата вечер, соопшти организаторот „Авалон продукција“.
На 23 јуни е вечерта резервирана за љубителите на рок музиката. Еден од најголемите британски бендови на сите времиња- „Теxas“ го доложи свото доаѓање за во септември, а за прв пат на голем концерт на отворено во Скопје ќе може да го видиме и хрватскиот музичар Дарко Рундек со неговиот бенд.
-Фестивалот се затвора со последната голема ѕвезда на електронската музика, Алан Волкер, кој што од логистички причини својот настап наместо на 2 јуни, ќе го има на 24-ти јуни, како големо затворање на овој четиридневен фестивалски спектакл, велат организаторите.