Во пресрет на изборите во Турција, претседателот Реџеп Тајип Ердоган и неговиот водечки конкурент Мухарем Инџе, денеска ќе одржат големи завршни собири во Истанбул, јави ДПА.
Ердоган и неговата АКП водат во анкетите, но Инџе ги охрабри своите поддржувачи со големиот митинг во Измир, кој е упориште на опозициската ЦХП партија. Според анкетите, Мерал Аксенер, кој исто така денеска ќе одржи митинг во Истанбул е на третото место, а Селахатин Демирташ од про-курдската партија ХДП е на четврто место, и покрај тоа што кампањата ја помина во затвор.
Се смета дека за Инџе ќе биде успех ако издејствува втор круг на изборите кој би се одржал на 8 јули, при што би се обидел да ги обедини сите партии кои се спротиставуваат на Ердоган.
Право на глас на изборите имаат 60 милиони граѓани на Турција. Се бира претседател, кој согласно уставните измени ќе има значително поголеми овластувања, и нов состав на Собранието.