Венецијанската Комисија упати критики кон Унгарија поради нејзиниот „стоп Сорос“ закон, со кој се оданочуваат или казнуваат невладините организации кои им помагаат на мигранти илегално да влезат во Унгарија.

Според Комисијата, некои од одредбите на законот драстично ги ограничуваат правата на граѓанските здруженија. Од Комисијата сметаат дека Унгарија има право да казнува граѓани за трговија со луѓе, но дека организациите би требало да бидат изоставени од казни, особено ако нудат хуманитарна и правна помош или информации за мигрантите. И Европската Комисија најави дека ќе го испита новиот закон усвоен во Унгарија.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го обвини американскиот мултимилијардер Џорџ Сорос дека ги финансира невладините организации кои шверцуваат мигранти преку границите на Европската Унија. Од кабинетот на Орбан ги отфрлија обвинувањата на Венецијанската Комисија, велејќи дека законот е усвоен за да се заштити Унгарија, јави БТА.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/06/2018 17:58