Неколку лица биле убиени во денешната експлозија за време на митинг на етиопскиот премиер Абију Ахмед во Адис Абеба, јави новинската агенција ДПА.

- Неколкумина беа убиени, а има и повредени во овој добро организиран напад. Ќе ги помниме тие што ги загубија животите како маченици, изјави Ахмед по инцидентот.

Десетици илјади граѓани на главниот град на Етиопија се собрале да му изразат поддршка на премиерот Ахмед и реформите што тој ги најави откако беше избран во април. Ахмед ослободи стотици политички затвореници и започна преговори за запирање на непријателствата со Еритреја.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/06/2018 19:08