За една година, Владата предводена од СДСМ, преку успешната надворешна политика, преку градење пријателства, сојузништва, реформи и решавање на проблемите ја врати Македонија на вистинскиот, на евро-атланскиот пат.

Од заробена и изолирана земја, денес Македонија е пример за решавање на отворени прашања во интерес на граѓаните. Почитувана држава - партнер и пријател со соседите и светот.

Постигнат е историски Договор со кој се решава деценискиот спор што земјава ја влечеше надолу. Македонија оди напред, обезбеден и зајакнат е македонскиот идентитет, отворени се вратите на НАТО и ЕУ. Успесите и лидерството се проепознаени од целиот демократски свет.

Германската влада вчера препорача отворање на преговорите со Македонија за полноправно членство во ЕУ. Холандскиот парламент веќе гласаше за преговори со Македонија.

Северноатлантскиот совет прифати поканата за влез на земјава во НАТО да биде ставена на дневен ред на следниот самит на Алијансата.

Европската комисија, Европскиот парламент, Стејт демартментот, НАТО, Обединетите нации, Австрија, Бугарија, Германија, Британија...се само дел од демократкиот свет којшто го поздрави лидерството на Македонија и Грција во решавањето на деценискиот спор.

Британската премиерка Тереза Меј го честиташе постигнатиот Договор и изрази надеж за придобивките, како за Македонија, така и за целиот регион. Германската Канцеларка, Ангела Меркел исто така го поздрави Договорот и најави силна поддршка.

Ваквиот успех на меѓународен план, влијае и врз позитивните движења во економијата, раст на платите, повеќе пари кај граѓаните и повисок животен стандард.

Стабилноста на општеството обезбедува зголемување на инвестициите, на индустриското производство, се отвораат нови фондови, нови развојни линии и нови работни места.

Почитувани,

Пред сите нас е историска можност. Граѓаните на рефернедум ќе го имаат последниот збор.

Да ја искористиме таа шанса. На референдум одлучно да кажеме ДА за гарантиран македонски идентитет, одлучно да кажеме ДА за влез во НАТО и ЕУ, да кажеме ДА за македонската иднина.

Центар за комуникации со јавноста Социјалдемократски сојуз на Макдонија, говорник Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата



Автор: Администратор
Објавено на: 23/06/2018 19:26