Соопштение до јавноста - реакција на изјавата на Александар Кирацовски

СДСМ кажа, СДСМ излажа. Александар Кирацовски и Миле Зечевиќ продолжуваат да ги манипулираат и лажат граѓаните. Кирацовски и Зечевиќ се во невозможна мисија помеѓу членството на СДСМ да го прикажат капитулантскиот договор за промена на уставното име на Македонија како победа.

Се што вети Заев за договорот излажа, гарантираше непроменет Устав, јазик и нација, се колнеше во своите предци и идни генерации и повторно излажа. Сега Кирацовски и Зечевиќ се во одбрана на својот шеф Заев со уште лаги кои ќе им ги сервираат на граѓаните.

Договорот со Грција е акт со кој се брише македонската историја, име, јазик и нација, се она кое Заев ветуваше дека ќе остане непроменето. Со капитулантскиот договор се брише се што е македонско, се брише Македонската Академија на Науките и Уметностите, се брише Македонски Народен Театар, Археолошки музеј на Македонија, се брише придавката македонски во својата изворна смисла. Останува прашањето за што се изборил Заев и СДСМ, за каква победа говорат?

Тие немаат право да говорат за земјоделците на кои се уште им немаат исплатено оштета, на оние граѓани на кои им ветуваа поголеми субвенции и повторно ги излажаа.

Кирацовски и Зечевиќ немаат право да говорат за инфраструктурни проекти, кога единствено се китат со туѓи перја и се фалат со проекти на ВМРО-ДПМНЕ. Реализацијата на капиталните инвестиции за 2018 година изнесува катастрофални 10.9 проценти за првиот квартал, што значи дека нема, не се реализираат нови капитални инвестиции во инфраструктурата и дека ветувањето за 500 километри автопат беше единствено уште една шарена лага на Заев и СДСМ.

Нема да ви помине, граѓаните нема да дозволат да бидат излажани од картелот на власт, на кој не му беше доволно богатењето на грбот на граѓаните па се одлучи и на распродажба на државните интереси.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/06/2018 20:09