Албански имам од џамијата во севериот град Скадар побара од верниците да се молат за победа на Реџеп Тајип Ердоагн, кого го нарекол „нашиот спасител“.
Станува збор за имамот Наим Дриај, кој за време на вчерашната петочна молитва (Џума-главна неделна молитва) побара од верниците да ги подигнат рацете кон небото и да го молат Господ „да триумфира Еродган наспроти неверниците“.
- На Муслиманите во светот им се направени многу неправди. И нам овде ни се случиле многу неправди. Ердоган е наш заштитник и доколку и вие го мислите истото, тогаш подигнете ги рацете кон небото и молете го Алах да победи Ердоган на неделните избори, изјави имамот.
Веста доби широк публицитет во турските медиуми и имамот, кој е за Ердоган, преку ноќ станал познат во Турција.
За овој случај, до сега, нема реакција од муслиманската верска заедница на Албанија, која претходно упати апел имамите да избегнуваат политички изјави за случувањата во земјата и надвор од неа.
Во Турција утре се одржуваат претседателски и парламентарни избори.