Едно лице загина, а 132 се повредени на митинг за поддрѓка на неодамна избраниот премиер на Етиопија, Аби Ахмед во Адис Абеба, изјави министерот за здравство Амир Аман.
- Едно лице почина во болницата „Блејк лајон“. Сакам да упатам сочувство до семејството и граѓаните на Етиопија. Тоа што се случи е тажно. Но нема да го скрши нашето единство, напиша Аман на Твитер.
Претходно, премиерот Ахмед изјави дека станува збор за „добро оркестриран напад“ што не успеал, но никого не обвини за инцидентот.
Сејум Тешом, еден од организаторите на митингот изјави дека непознато лице се обидело да фрли граната на бината на која се наоѓаше етиопискиот премиер. Тој истакна дека по нападот уапсени се три лица - двајца мажи и една жена.
Десетици илјади граѓани на главниот град на Етиопија се собраа да му изразат поддршка на 41-годишниот Ахмед и реформите што тој ги најави, кога беше избран во април. Ахмед ослободи стотици политички затвореници и почна преговори за запирање на непријателствата со Еритреја.