Пакистанската армија соопшти дека елиминирала шестмина екстремисти во операција во Јужен Вазиристан, во близина на границата со Авганистан.

Во судирот во областа Спина Мела загинале и двајца пакистански војници. Операцијата е преземена по добиена информација дека екстремисти од Авганистан, влегле на пакистанска територија преправени како членови на племињата.

Племињата се преместени од Спина Мела во воената операција во 2009 година и сега се враќаат во областа.

Екстремистите биле во контакт со своите команданти во авганистанста провинција Пактиа. Портпаролот на пакистанските талибанци Мохамад Курасани изјави дека неговата група го извршила нападот врз пакистанската армија.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2018 00:56